Реакција на Министерството за здравство: Стапката на смртност од Ковид-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек

ВМРО-ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек.  

Смртноста од ковид-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени. 

Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со ковид-19 во Република Северна Македонија изнесува 5.8%, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3%, Босна и Херцеговина со 6.2%, Грција со 6.0%.