МИОА:Ги повикуваме граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата СтопКорона, да се заштитиме себе и нашите најблиски!

Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона.

Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата.

Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна!

Апликацијата СтопКорона , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.

Бидете одговорни за себе и одговорни за сите кои ги сакате!

Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/