Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари разговор со новиот косовски министер за правда г. Селим Селими, преку видео конференциска врска.
Министерката Дескоска му честиташе на г. Селими за назначувањето на министерската функција и изрази надеж за добра соработка. Дескоска потенцираше дека искрено посакува европеизација на регионот и дека Министерството за правда на Република Северна Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите.
За време на разговорот, беше отворено и прашањето за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и министерката за правда Рената Дескоска истакна дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.