Денеска се потврдени 118 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 5311, оздравени се 74 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2588, активни 1734
•       Куманово 703, активни 250
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 276, активни 186
•       Прилеп 235, активни 17
•       Тетово 558, активни 322
•       Струга 181, активни 101
•       Велес 169, активни 34
•       Битола 43, активни 14
•       Охрид 120, активни 100
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 87, активни 50
•       Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 12, активни 8
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 61, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 10
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 17, активни 15
•       Кичево 9, активни 6
•       Ресен 70, активни 69
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина  со PCR метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 402
•       Аеродром - 136
•       Бутел - 138
•       Гази Баба - 150
•       Центар – 131
•       Карпош – 116
•       Сарај – 137
•       Кисела Вода – 98
•       Ѓорче Петров – 80
•       Студеничани – 86
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 49
•       Илинден – 31
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 15
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-4