Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.
Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 4966, активни 1303
- Куманово 1102, активни 262
- Дебар 208, активни 118
- Штип 887, активни 433
- Прилеп 336, активни 46
- Тетово 1066, активни 212
- Струга 469, активни 187
- Велес 227, активни 22
- Битола 146, активни 66
- Охрид 283, активни 76
- Кавадарци 83, активни 63
- Гостивар 499, активни 288
- Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
- Струмица 39, активни 23
- Крива Паланка 25, активни 11
- Радовиш 29, активни 16
- Крушево 16, активни 8
- Кочани 106, активни 20
- Пробиштип 57, активни 22
- Демир Хисар 34, активни 26
- Македонски Брод 41, активни 35
- Пехчево 6, активни 0
- Берово 8, активни 4
- Валандово 6, активни 0
- Виница 25, активни 21
- Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 14, активни 7
- Свети Николе 230, активни 134
- Кичево 179, активни 109
- Ресен 146, активни 21
- Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со PCR метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 168
- Аеродром - 147
- Бутел - 84
- Гази Баба - 133
- Центар – 106
- Карпош – 113
- Сарај – 60
- Кисела Вода – 141
- Ѓорче Петров – 92
- Студеничани – 45
- Шуто Оризари – 108
- Арачиново – 24
- Илинден – 24
- Петровец – 17
- Чучер Сандево – 9
- Сопиште – 20
- Зелениково- 7
- Странец – 5