Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.
Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5239, активни 1057
- Куманово 1193, активни 264
- Дебар 221, активни 122
- Штип 1002, активни 342
- Прилеп 347, активни 35
- Тетово 1103, активни 173
- Струга 493, активни 159
- Велес 238, активни 25
- Битола 171, активни 71
- Охрид 304, активни 77
- Кавадарци 134, активни 102
- Гостивар 606, активни 304
- Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
- Струмица 43, активни 27
- Крива Паланка 28, активни 14
- Радовиш 36, активни 11
- Крушево 16, активни 3
- Кочани 120, активни 28
- Пробиштип 64, активни 18
- Демир Хисар 49, активни 31
- Македонски Брод 57, активни 44
- Пехчево 6, активни 0
- Берово 10, активни 6
- Валандово 7, активни 1
- Виница 35, активни 31
- Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 15, активни 3
- Свети Николе 250, активни 86
- Кичево 220, активни 128
- Ресен 146, активни 11
- Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1627 теста се преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-174, Биотек-167, МАНУ -132, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -175, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-15, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 152
- Аеродром - 132
- Бутел - 65
- Гази Баба - 103
- Центар – 98
- Карпош – 108
- Сарај – 44
- Кисела Вода – 96
- Ѓорче Петров – 73
- Студеничани – 35
- Шуто Оризари – 81
- Арачиново – 19
- Илинден – 17
- Петровец – 8
- Чучер Сандево – 8
- Сопиште – 10
- Зелениково- 5
- Странец – 3