Денеска се регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12357, оздравени се 175 пациенти – починати сe 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.  
Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357,  бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5287, активни 1067
  • Куманово 1214, активни 258
  • Дебар 223, активни 124
  • Штип 1017, активни 301
  • Прилеп 348, активни 33
  • Тетово 1103, активни 168
  • Струга 494, активни 160
  • Велес 238, активни 25
  • Битола 178, активни 77
  • Охрид 303, активни 76
  • Кавадарци 143, активни 107
  • Гостивар 610, активни 294
  • Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
  • Струмица 47, активни 31
  • Крива Паланка 28, активни 14
  • Радовиш 36, активни 9
  • Крушево 16, активни 3
  • Кочани 124, активни 32
  • Пробиштип 66, активни 20
  • Демир Хисар 50, активни 31
  • Македонски Брод 61, активни 47
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 11, активни 7
  • Валандово 7, активни 1
  • Виница 42, активни 38
  • Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 15, активни 3
  • Свети Николе 253, активни 78
  • Кичево 225, активни 125
  • Ресен 146, активни 10
  • Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со PCR метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120950 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 150
  • Аеродром - 132
  • Бутел - 65
  • Гази Баба - 120
  • Центар – 90
  • Карпош – 108
  • Сарај – 39
  • Кисела Вода – 89
  • Ѓорче Петров – 76
  • Студеничани – 33
  • Шуто Оризари – 85
  • Арачиново – 20
  • Илинден – 20
  • Петровец – 8
  • Чучер Сандево – 9
  • Сопиште – 11
  • Зелениково- 6
  • Странец – 3
  • Нераспределен - 3