Изет Меџити

Функција: 
Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Изет Меџити е истакнат политичар и економист. Тој е роден на 8 февруари 1977 година. Со долгогодишно искуство во јавниот сектор, Меџити е познат по својата посветеност на економскиот развој и образованието.

Меџити го завршува своето високо образование на Економскиот факултет во Скопје, во 2000 година каде што се стекнува со диплома од областа на финансискиот менаџмент и сметководство. Во 2018 година тој го завршува и своето магистерско образование со тезата „Современите предизвици на локалниот економски развој - студија на случај Општина Чаир“.

Неговата професионална кариера започнува како професор во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, каде што предава од 2001 до 2004 година.

Од 2005 до 2017 година, пак, Меџити е градоначалник на Општина Чаир, каде што беше континунирано избиран во три мандати. Во текот на неговото време како градоначалник, тој работи на унапредување на локалниот економски развој и подобрувањето на инфраструктурата и јавните услуги во општината.

Во 2020 година, Меџити е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде што продолжува да работи на унапредување на законодавството и политиките кои го поддржуваат економскиот раст и развој.

Во 2023 година ја основа и стана лидер на Демократското Движење.

Во 2024 година, Меџити е именуван за Прв Заменик Претседател на Владата на Северна Македонија, како и Министер за Животна Средина и Просторно Планирање.  

Изет Меџити е полиглот и покрај албанскиот течно говори англиски и македонски јазик.