Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 6629, активни 586
- Куманово 1701, активни 193
- Дебар 276, активни 36
- Штип 1233, активни 57
- Прилеп 624, активни 120
- Тетово 1387, активни 168
- Струга 650, активни 64
- Велес 309, активни 35
- Битола 274, активни 64
- Охрид 409, активни 47
- Кавадарци 215, активни 33
- Гостивар 908, активни 100
- Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 184, активни 115
- Крива Паланка 98, активни 28
- Радовиш 71, активни 21
- Крушево 20, активни 3
- Кочани 267, активни 103
- Пробиштип 104, активни 20
- Демир Хисар 61, активни 2
- Македонски Брод 91, активни 12
- Пехчево 42, активни 9
- Берово 84, активни 26
- Валандово 17, активни 8
- Виница 99, активни 25
- Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 24, активни 3
- Свети Николе 316, активни 17
- Кичево 313, активни 37
- Ресен 160, активни 12
- Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323, Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 64
- Гази Баба – 72
- Аеродром - 87
- Карпош – 68
- Центар – 80
- Кисела Вода – 53
- Ѓорче Петров – 36
- Бутел - 31
- Шуто Оризари – 17
- Студеничани – 10
- Сарај – 13
- Арачиново – 9
- Илинден – 16
- Сопиште – 4
- Чучер Сандево – 3
- Петровец – 7
- Зелениково - 2
- Странец – 8
- Нераспределен-6