Пристигнавме во Софија за да учествуваме на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот регион ги ставаат поблиску до членството во ЕУ.
Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан.
И во оваа прилика посебна благодарност упатуваме и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и на СР Германија, од кои континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и на регионалната соработка.