Премиерот Заев во дебата за Буџетот 2021: Бизнисот, економијата, работниците, синдикатите, треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде, да ги помага компаниите да ги соочуваат работните места

„Буџетот за 2021 година е така скроен за да одговори на предизвиците, секако здравствениот и економскиот аспект од КОВИД кризата, но истовремено да се  обидеме секоја криза да ја користиме како можност за да биде истовремено и рестарт на македонската економија“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во дебатата за Буџетот за идната година на Националната  радиотелевизија, на која учествува и министерот за финансии, како и економски експерти и претставници на универзитетите во земјата.

 

  

Премиерот Заев додаде дека верува дека има доволно пари, прво за здравствениот аспект и дека граѓаните треба да бидат спокојни за тоа заради тоа што државата постои заради граѓаните и дека тоа е најважниот приоритет во време на пикот на здравствената криза со КОВИД-19.

„Бизнисот, економијата, работниците, синдикатите треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде, да ги помага компаниите да ги соочуваат работните места. Да вбризга  пари секогаш за најсиромашните, за најранливите. Солидарноста мора да ја има во буџетот, и гледате најголемата ставка е 90 милијарди социјални трансфери и тоа е многу логично. Веднаш после тоа е се економските ставки од 70 милијарди. Така буџетот, државната каса којашто ја испраќа првата порака: Почитувани граѓани, имате држава којашто е тука да ви сè најде, и да помогне за сè што треба во периодот што следува“, истакна премиерот Заев во дебатата за Буџетот 2021 за идната година на Националната  радиотелевизија.