Јавен Оглас за именување заменик на директорот на Државниот завод за статистика
Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
26.11.2020
Врз основа на член 9 од Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“бр.54/97, 21/2007, 51/2011, 104/2013, 42/2014, 192/2015, 27/2016, 83/2018, 220/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020), Владата на Република Северна Македонија објавува:
Јавен Оглас за именување заменик на директорот на Државниот завод за статистика
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик на директорот на Државниот завод за статистика, за време од четири години, со право повторно да биде именуван.
- За заменик на директорот на Државниот завод за статистика може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен образование;
- најмалку пет години работно искуство;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (Б2).
- За заменик на директорот на Државниот завод за статистика може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк.
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас - Преземи тука,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство,
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен образование,
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство.
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (Б2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик на директорот на Државниот завод за статистика“.
- Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020 и 245/2020).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
- Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.