Груевски: Маршот за мир порака дека мнозинството граѓани ја препознаваат вредноста на соживотот
Премиерот Никола Груевски го поздрави и го поддржа денешниот Mарш за мир во Скопје што го организираат истакнати личности од македонскиот општествен и културен живот со цел промовирање на мирот, соживотот и почитта едни кон други.
- Тоа е порака до сите оние поединци кои на некој начин сакаат да го нарушат мирот и спокојството на граѓаните дека мнозинството од овој народ како во минатото така и сега и во иднина ќе знае да ги направи сите потребни чекори за да не дозволи на такви поединци и структури да ги реализираат своите идеи кои не се во правец на зачувување на мирот и спокојството на граѓаните. Се разбира, заедно со силите на државата, на МВР и сите институции одговорни за одржување на мирот и спокојството на граѓаните, една ваква демонстрација на граѓаните и на општствено познати личности секако ќе биде од корист, рече премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на промовирање на Лабораторија за дигестивна ендоскопија на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија.