Унапредувањето и интензивирањето на соработката во областа на образованието на сите нивоа беше тема на денешната официјална средба на министерките за образование на Република Северна Македонија и Република Албанија, Мила Царовска и Евис Куши.
Министерката Царовска на средбата истакна дека од суштинско значење е реализацијата на заедничките програми за образованието. Министерките разговараа за зајакнување на соработката во областа на високото образование. Исто така и за можноста што ја имаат младите од македонската заедница од Албанија за користење на стипендии и студирање на Универзитетите во Република Северна Македонија.
Двете министерки разменија искуства за реализирањето на наставата во услови на пандемија и забрзувањето на процесот на дигитализација на образованието којшто се покажа како неминовен во овој период и во двете земји.