Владата денеска ќе ја одржи 40-тата седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 40-та седница.
На седницата ќе бидат разгледани повеќе годишни програми за работа на агенции, самостојни управни органи и управни организации, меѓу кои и Предлог-програмата за работа на Владата.
На седницата за разгледување се ставени и Предлог-програмата за развој на спорт и млади, Предлог-програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти и Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, за тековната 2021 година.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение по завршувањето на седницата.