43-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 43-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
 
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ќе ја разгледа Предлог-стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година, со Акционен план.

На денешната седница ќе биде ставена на разгледување и усвојување Програмата за работа за 2021 година на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.  

На редовната седница која е закажана со почеток во 12:00 часот, пред министрите за разгледување се и Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за 2021 година, Програмата за изменување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2021 година и Програмата за изменување и дополнување на Програмата развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2021 година.

За одлуките и заклучоците од 43-тата седницата на Владата, која е предвидено да се одржи преку интернет видеоконференциска врска јавноста ќе биде известена преку соопштение.

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 2, 2021 - 12:00 to 13:00