Јавен оглас за вработување на (1) извршител за пополнување на посебнo работнo местo во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
23.02.2021

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 5, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019 и 14/2020), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015,  72/2015 , 129/2015,27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019 и 267/2020) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија бр.04-8432/1 од 18.9.2020 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2021
за вработување на (1) извршител за пополнување на посебнo работнo местo во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси заради извршување на работни задачи на посебен советник

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, поради потребата од пополнување на посебно работно место, заради извршување на работни задачи на посебен советник во:

  • Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, а со цел извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 1 лице на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следнава позиција:
  1. Посебен советник за човечки ресурси и одржлив развој во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки (правосуден испит ќе се смета за предност), Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент) или Бизнис администрација;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;
    Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
  • работа за време на неделен одмор,
  • работа за време на празници утврдени со закон и
  • работа подолго од полното работно време, заради извршување на итни и неодложни работи. 

Нето плата 42.000,00 денари.

Покрај потребните квалификации предвидени за позицијата кандидатот треба да ги исполнуваа и следните:
Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: 

  • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место;
  • доказ за бараното работно искуство;
  • диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
  • доказ за познавање англиски јазик;
  • доказ за познавање на компјутерски вештини.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Сектор за човечки ресурси
бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување посебен советник“)

на другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.
Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. 
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.