Премиерот Заев во Делчево на почеток на изградба на современ градски пазар

Ве известуваме дека денеска 26 март 2021 година (петок) во 09:30 часот премиерот Зоран Заев, ќе го посети Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар.

За реализација на проектот обезбедени се 33, 5 милиони денари. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела од 11.599 м2 и површина за градење на  6 944 м2.

По визуелната презентација на проектот премиерот Заев заедно со градоначалникот, Горан Трајковски ќе дадат изјава за медиуми.

На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Календар Влада: 
Петок, Март 26, 2021 - 09:30 to 10:30