Прес-конференција на премиерот Заев и министерот за финансии Бесими за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки
Ве известуваме дека денеска, 8 април 2021 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тема на прес-конференцијата е збирниот ефект од четирите пакет мерки, реализацијата на буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.
На прес-конференцијата за новинарски прашања ќе бидат присутни и Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, генерален извршен директор на Развојната банка.