Премиерот Заев на работна средба со претседателот на Франција Макрон во Париз

На 10 јуни 2021 година (четврток) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција Емануел Макрон. 

Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон.

Календар Влада: 
Четврток, Јуни 10, 2021 - 00:00 to 23:45