Јавен оглас за избор на директор на Центарот за управување со кризи

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
30.07.2021

Врз основа на член 26 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“бр. 29/2005, 36/2011, 41/2014, 104/2015, 39/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на Центарот за управување со кризи

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе избере директор на Центарот за управување со кризи, за време од четири години.    
  2. За директор на Центарот за управување со кризи може да бидe избрано  лицe кое ги исполнува следните услови:
    1. да е државјанин на Република Северна Македонија; 
    2. со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
    3. да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование, 
    4. да има најмалку пет години работно искуство; 
    5. да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, 
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      •  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  3. За директор на Центарот за управување со кризи може да бидe избрано лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство; 
    6. Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
    8. доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
    9. меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, 
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул .„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на директор на Центарот за управување со кризи“.
  6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020,  29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021 и 152/2021).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 3 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.