Јанакиески: Слободата на изразување и независноста на медиумите приоритет на Владата
Наша заедничка цел е да се води отворен дијалог за состојбите на медиумите, како и за можните начини за промовирање на културата на дебатирање, слободата на изразување и независни медиуми, преку согледување на добрите практики во Европа.
Ова денеска во Охрид го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на конференцијата „Култура на дебатирањето, слобода на изразување и независни медиуми“.
Тој додаде дека стратешки приоритет на Владата е полноправното членство на Македонија во Европската унија што подразбира преземање на неопходните реформи што се во насока на воведување на европските стандарди во државата.
- Во процесот на реформи, слободата на изразување и независноста на медиумите е висок приоритет на оваа Влада, што се потврдува и со вклучувањето на оваа област во предпристапниот дијалог на високо ниво, како нов механизам кој се воведува во односите меѓу Република Македонија и Европската унија, рече Јанакиески.
Конференцијата е организирана во соработка на Министерството за транспорт и врски со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и фондацијата „Конрад Аденауер“.