Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во КОВИД центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во КОВИД центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.
Информација за пожарот во КОВИД центарот во Тетово
Мета податоци
-
Пермалинк:Категорија:Објавено на:09.09.2021 - 11:25Јазик:MK
Слични објави
-
Сабота, 14 Декември, 11:09
-
Петок, 13 Декември, 13:07
-
Петок, 13 Декември, 12:22
-
Петок, 13 Декември, 09:12
-
Четврток, 12 Декември, 15:21