Честитка од премиерот Груевски по повод Светскиот ден на Ромите

Почитувани граѓани, припадници на ромската етничка заедница,

Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам 8 април - Меѓународниот ден на Ромите.

Сакам да ја искористам оваа прилика за да го потенцирам значењето на промоцијата на правата на Ромите насекаде во светот, и за да ја истакнам трајната определба на Владата за овозможување на услови за непречен прогрес на Ромите на секое поле од нивен интерес.

Република Македонија претставува пример за еднаквите можности права и слободи на сите свои граѓани, а Ромите се активно вклучени и придонесуваат во сите општествени процеси.

Владата и во иднина ќе продолжи да создава услови за негување и надградба на ромскиот национален и културен идентитет. Обезбедувањето на можностите за промоција на Вашите интереси, за унапредување на условите за Вашиот напредок во сферите на образованието, здравството, вработувањето, и на секое друго ниво, ќе останат во фокусот на нашата стратегија за развој на мултиетничкото општество и соживотот.

Честитајќи Ви го денешниот празник, дозволете ми уште еднаш да ги изразам определбите на Владата на Република Македонија за понатамошно унапредување на интеграцијата на Ромите во македонското општеството и зајакнување на институционалните можности за унапредување на Вашите интереси и културни особености.

Нека Ви е честит и вековит празникот !

Со почит,

 

 

                                                                                Никола ГРУЕВСКИ