Отворена нова бензинска пумпа на Лукоил на автопатот Куманово-Скопје
Руската нафтена компанија Лукоил денеска ја отвори новата бензинска станица на автопатот Е-75 на излезот на Куманово во правец кон Скопје, кај месноста Мачја Глава.
На свеченото отворање присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој истакна дека оваа инвестиција е потврда за добрата бизнис клима во земјата, која што Владата, како што рече ќе продолжи да ја унапредува.
- Реализацијата и пуштање во употреба на вакви проектио се уште еден мотив повеќе за нас да продолжиме со работа. Дапродолжиме со ушпте посилно темпо за овозможување на секој оној кој што сака да ибнвестира во МК условите за инвестирање да му ги направиме што поолесни, рече премиерот.
Русија, додаде е значаен партнер и инвеститор во Македонија, а во тој контекст ја најави и претстојната посета на владина делегација на оваа земја, каде во неколку градови ќе бидат презентирани условите што кај нас се нудат за водење бизнис.
Директорот на Лукоил Македонија Андреј Куку рече дека ова е 17-та од 40 бензински пумпи што компанијата планира да ги отвори во земјата. Станува збор за најголемата и најсовремена досега бензинска станица на оваа компанија, која се простира на 6.000 метри квадратни. Изградена е на две нивоа, од кои едното е на автопатот Е 75, а другото на регионалниот пат Романовце - Куманово.
За потребите на оваа бензинска пумпа вработени се 30 лица, а во сите пумпи на Лукоил работат 270 лица. Компанијата најави годинава отворање на уште три нови пумпи.
На свешеноста присуствуваа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак.