Средношколски конкурс „Изрази се преку медиумите“
Преку текст, фотографија и едноминутно видео на тема „Заедно за училишта без насилство“ средношколците може да учествуваат во конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.
За најдобрите средношколци од конкусот ќе бидат доделени 10 стипендии за студирање новинарство или односи со јавност, лап-топ, камера или фотоапарат. Конкурсот трае до 22 април, а резултатите ќе бидат објавени во првата половина на мај.
Проектот го реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Министерството за образование и наука, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, а со поодршка на медиуми, копмании и организации.
Целта на проектот е да го стимулира средношколците да ги искажат своите гледишта за надминување на насилството во училиштата преку изработка на медиумски производи.
- Сметаме дека проектот ќе ги стимулира средношколците, преку изработка на медиумски производи, да ги искажат своите гледишта за надминување на насилството во и надвор од училиштата, со што самите активно ќе се вклучат во процесот на промена на однесувањето во насока на зголемување на толеранцијата, избегнуавњето на насилството во решавање на конфликтните ситуации и создавањето позитивна и сигурна училишна средина, рече министерот за образование и наука Панче Кралев.
Тој го потенцира значењето на партнерството со други организации, медиумите и агенциите за маркетинг и комуникации, како и новиот партнер ЈСП, со што, спoред министерот, се создава широка платформа за поддршка на талентирани средношколци и за поттикнување на општествената одговорност, како и за поширока свест во образованието, но и за искоренување на насилството во училиштата и надвор од нив.
- Иницијативата има за цел да се поттикне интересот на младите за пишување и креативно изразување, преку активирање на работата на литературни и новинарски секции во средните училишта и преку органзиирање конкурси, натпревари и други манифестации, додаде Кралев.
Конкурсот „Изрази се преку медиумите“, според директорката на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста Жанета Трајкоска, е промовирање на медиумската писменост во средните училишта, но и поврзување на студентите и на високото образование со медиумската индустрија и со агенциите о професионалците од областа на корпоративните комуникации и односи со јавноста.
- Преку проектот, најдобрите средношколци од кукнурсот ќе студираат бесплатно, односно ќе бидат стипендисти на нашите партнери. Студентите по дипломирањето ќе може да го добијат својот прв професионален ангажман во оние медиуми и агенции кои ги стипендирале, истакна Трајкоска.
Претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Шелдон Јет, посочи дека насилството е одраз на она што се случува во домот.
- Во Македонија седум од 10 деца на возраст од две до 14 години во домовите се воспитуваат на одредени навики кои што вклучуваат некаков вид на насилство, тоа може да биде физичко казнување или некаков тип психолошки притисок, оцени Јет.
Децата, додаде тој, имаат право да се образуваат во безбедно опкружување каде што ќе бидат заштитени. Децата кои подолго време биле изложени на било какво малтретирање во училиштето, има големи шанси таквото однесување да го пренесат и дома и тоа, смета Јет, е еден затворен круг кој ќе се повторува.
Директорот на ЈСП Мишо Николов рече дека средношколците ќе имаат можност да се информираат за проектот во автобусите на јавниот градски превоз каде и најголем дел се возат.
Тој оцени дека со координирана активост на сите институции тепачките и девијантните однесувања од средношколците во автобусите се драстично намалени и оти во изминатиот период немало инциденти.
- Изминатиот период откако се случија немилите настани беа преземани бројни мерки од страна на институциите и резултатите се евидентни, нагласи Николов.