Честитка од Бесими до припадниците на АРМ и граѓаните со православна вероисповед по повод Велигден


Министерот за одбрана Фатмир Бесими по повод празникот Христовото воскресение – Велигден, упати искрена честитка до сите припадници на Армијата на Република Македонија и сите граѓани на Република Македонија со православна вероисповест.


- Мултиетничноста и мултиконфесионалноста е наша предност и голема придобивка. Единствено преку целосно и недвосмислено почитувањето на различностите ќе успееме да етаблираме и развиеме цврста меѓусебна поврзаност која ќе не води напред, кон натамошни успеси на сите полиња, порача во честитката министерот Бесими.