Известување за процедурата за враќање на финансиските средства за поддршка на компаниите кои не го исполниле условот со шестиот пакет антикризни мерки на Владата на Република Северна Македонија

Со ова известување се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20% од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50% од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка:

  • Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
    Трансакциска сметка: 100000000063095
    Трезорска сметка: 630010001963019
    Приходно конто:  725939  програма 00
    Во цел на дознака: Враќање на раздел 04001 во буџет мината година.

Ги информираме корисниците на оваа финансиска поддршка да ги подмират своите обврски најкасно до рокот за поднесување на завршна сметка за 2021 година.