Попоски очекува НАТО да ги вреднува придонесот и постигнувањата на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествуваше на состанокот на Советот на НАТО посветен на мисијата на ИСАФ во Авганистан.

Во своето обраќање министерот Поповски уште еднаш го потврди военото присуство како и дополнителните напори во поглед на обуката на авганистанските сили се до нивно целосно преземање и обезбедување на безбедост во земјата.

На состанокот биле разгледани и мислењата од аспект на буџетска контрибуција од стана на земјите учеснички во ИСАФ мисијата за по 2014 година.

Министерот Попоски изминативе два дена во Брисел оствари средба и со министерите за надворешни работи на Канада, Холандија, Полска и на Грција.

- Во билатералните средби ја нагласивме потребата да бидат задржани темелните вредности на НАТО како од аспект на безбедноста во регионот така и на вреднување на правото на највисоко можно ниво. Во тој поглед сметаме дека Македонија го заслужува правото да стане членка на НАТО алијанста и се надеваме во тој правец ќе размислуваат и другите членки вклучително и Грција, изјави министерот Попоски по остварените средби.

Што се однесува до самитот во Чикаго, најмалку очекува да не се повторат заклучоците од предходните самити, односо дека ќе се вреднува напредокот на Македонија, нејзиното учество во ИСАФ мисијата и пресудата од Меѓународниот суд на правдата.

Министерот Поповски денеска со својот црногорски колега Милан Роќен ја потпишаа спогодбата за преминуване на границитата на двете држави само со биометриски лични карти.