Економски форум: Соседните земји да се поврзат и заеднички да настапат на третите пазари

Енергетиката, туризмот, индустриските гранки се потенцијалните сектори за инвестирање во земјава, е заклучокот од денешниот економски форум на тема „100 години во духот на економската национална соработка“ што се одржа во Сули Ан, во Скопје.

Претставниците од бизнис заедницата на Македонија и на Косово со заеднички став дека соседните земји мора регионално да се поврзат и заеднички да настапуваат на трети пазари.Патната инфраструктура во регионот, се потенцира, ќе биде приоритет до крајот на годинава за брз економски развој.

Пред странските инвеститори, Косово се рекламира речиси идентично како Македонија, а се потенцираат ниските даноци и социјални давачки за вработените, евтината и мотивирана работна сила, младото население. Косово е седми трговски партнер на земјава, а во делот на извозот е на второто место.

Македонија во Косово извезува стоки во вредност од околу 300 милиони долари, а увезува за 34 милиони долари.