Премиерот Ковачевски на Делфи форумот во Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска на Делфи форумот во Грција, ќе има свое излагање за актуелните состојби во светски рамки, предизвиците со кои земјите се соочуваат како и мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

Разговорот кој ќе го води уредникот на грчки „ТА НЕА“, Михалис Митсос.

На последниот ден од форумот учествуваат и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривoкапиќ, на Бугарија Кирил Петков, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, како и премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.  

Предвидена е билатерална средба на премиерите Ковачевски и Мицотакис.

Дополнително, премиерот Ковачевски ќе присуствува и на средбата со лидерите на Западен Балкан.

Календар Влада: 
Сабота, Април 9, 2022 - 00:00 to 23:45