Меѓународна конференција за улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили
Предизвиците на новото време – глобалниот тероризам, пролиферацијата на оружја за масовно уништување, меѓународниот организиран криминал, претставуваат закана за сите нас. Затоа инвестираме во нашата и во европската безбедност. Република Македонија континуирано ги става на располагање своите мировници за одбрана на вредностите на слободата и демократијата во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан.
Ова го нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на петтата меѓународна конференција „Улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили во поддршката на нивните мисии и задачи во регионалната и глобалната безбедносна средина во 21 век“, што денеска се одржа во Домот на АРМ во Скопје.
Како што е многупати досега констатирано, рече меѓу другото Иванов, формално, иако не и суштински, нашата желба за полноправно членство во НАТО, е попречена и тоа поради еден апсурден и наметнат спор.
- Не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. И покрај незадоволството, ние нема да го напуштиме партнерството. И покрај препреката, остануваме фокусирани на она што е наш дел од обврските. Исправноста на нашето досегашно одговорно однесување беше само потврдена со пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Пресуда што нуди нова, правна димензија и бара нов пристап од сите земји-членки на НАТО. Пристап кој значи почитување на пресудата и на меѓународното право, потенцира шефот на државата пред присутните.
Сето ова, посочи, подразбира дека земјите-членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија.
- Почитувањето на пресудата, на меѓународното право, и конечно, на Времената спогодба, налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт, истакна претседателот Иванов, на конференцијата што е во организација на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
Изградбата и одржувањето на АРМ како ефективна, ефикасна вооружена сила подготвена за предизвиците на 21 век, потенцира министерот за одбрана Фатмир Бесими, е од суштинска важност за националната безбедност и бара вложување големи ресурси.
Тој потврди дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ се стратегиски приоритети на државата.
- Вложивме големи напори во сите сфери – политички, економски, одбранбени и безбедносни за постигнување на тие цели. Нашата држава го заслужи своето членство во НАТО преку исполнување на сите критериуми за членство, вклучително и преку исполнување на националните реформи и придонесот во меѓународните мисии предводени од НАТО, ЕУ, ООН и САД, подвлече во обраќањето министерот за одбрана.
Република Македонија во 2008 година, истакна Бесими, ги исполни сите критериуми за членство и е целосно подготвена за преземање на сите одговорности и обврски како идна членка на Алијансата.
- Војниците на АРМ се нашите најдобри амбасадори во странство. Националните интереси, консензусот на политичките партии и силната јавна поддршка се основната насока на тој пат, рече Бесими.
Според него, од аспект на дводеценискиот развој како независна држава, Република Македонија неуморно работи на доизградба и модернизација на целиот безбедносен систем. Во тој контекст, истакна Бесими, резервата на активниот состав е една моќна компонента која во иднина треба да биде максимално развивана во согласност со резервите на најсилните НАТО-армии.
Дали активната компонента во АРМ треба во целост да биде со 100 процентниот професионален или треба да се размислува за 20 приценти пополнетост на активниот состав со редовно служење на воениот рок. Местото и улогата на општата и активната резева и колкава всушност треба да биде резервата на Република Македонија и пополнувањето на резервата со луѓе и материјално - технички средства. Ова се прашањата на кои, треба ад се сврти вниманието, според началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајот Горанчо Котески.
- Следејќи ги искуствата на повеќе современи армии, ќе ја трансформираме и реалацијата меѓу активната и резервната компонента на АРМ. Приоритетна цел ќе биде одбранбеното планирање, кое јасно ја дефинира потребата од изедначување на оспособеноста и опременоста на резервата, на ниво на активна компонента, рече началникот на ГШ на АРМ. Поставените високи цели за достигнување на интероперабилност и компатибилност со НАТО - членките, смета генерал-мајот Котески, е речиси невозможно да се исполант без развој на активен и резервер армиски состав, кој подеднакво ќе поседува борббени вештини, способности и знаења за извршвуање различни мисии, како во земјата, така и надовор.
Началникот на ГШ на АРМ, Котески потенцира дека ваквиот сериозен приод кон резервата во иднина ќе значи, подвлече, редефинирање на резервата во одбранбениот систем.
Според генералот во пензија Илија Николовски, претседателот на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, темата не е случајно избрана, затоа што има потреба да се дефинираат односите меѓу АРМ, Цнетарот за урпавување со кризи и полицијата.
- Здружението има свои предлози, затоа што не сме задоволни како е димензионирана резервата. Затоа што Република Македонија се уште не е членка на НАТО, сметаме дека со вакви димензионирани сили и ваква резерва, не ќе бидеме во можност да одговориме на безбедносните предизвици во реионот, потенцира Николовски, додавајќи оти постоечката резерва е мала и недоволна за АРМ.
Според бригадниот генерал Гари Хафман од здружената команда на силите на НАТО во Неапол во услови на економска криза важно е како ќе се распоредат лимитираните средства и изрази уверување дека АРМ ќе има доволно средства за модернизација, а со тоа и за резервниот состав.
На конференцијата учествуваа активни и пензионирани генерали на АРМ, експерти од областа на одбраната и безбедноста, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, гости од Албанија, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Црна Гора, како и професори од универзитетите во Република Македонија и Воената Академија „Михаило Апостолски“ во Скопје.
На маргините од конференцијата претседателот на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, генералот во пензија Илија Николовски потпиша спогодба за соработка со претседателот на Сојузот на офицерите од резерва на Бугарија „Атлантик“, генерал во пензија Стефан Димитров.