Министерство за правда: Oбезбедени се финансиски средства за реконструкција на казнено-поправните установи, во завршна фаза е реконструкцијата на зградата на Управен суд

Обезбедени се финансиски средства за капитални инвестиции во казнено поправните и воспитно поправните установи за 2022 година во износ од 14.433.000,00 денари. Се реализира и планот за спречување корупција во националниот затворски систем.

Во завршна фаза е реконструкцијата на зградата на Управниот суд.

Заокружена е законодавната агенда со сет закони кои се во собраниска процедура:

  • Закон за Академија на судии и јавни обвинители;
  • Закон за парнична постапка;
  • Закон за адвокатура;
  • Закон за измени и дополнуввања на Кривичен законик;
  • Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета;
  • Закон за компензација на жртвите од кривични дела;
  • Закон за заштита на физички лица при обработка на личните податоци во врска со обработка на личните податоци за цел и спречување истрага,откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

Во фаза на изработка се:

  • Кривичен законик;
  • Закон за кривична постапка;
  • Закон за судски буџет;
  • Закон за здруженија и фондации;
  • Закон за донации и спонзорства;
  • Закон за вонредна состојба;
  • Закон за процена.

Министерството за правда интензивно работи на неколку проекти меѓу кои и изготвувањето на Граѓански законик кој ќе биде вклучен во новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година.