Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Методија Димовски денеска во Владата се сретна со ученици од општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш.
Учениците во придружба на нивните наставници ја посетија Владата во рамки на изборниот училиштен предмет „Нашата татковина“ и теренските активности преку кои директно се запознаваат со институциите на државата.
Учениците ги пречека генералниот секретар Димовски, при што поразговараа за изборот на нивната идна професија и нивните натамошни планови. Димовски ги запозна учениците со начинот на функционирањето на Владата и им посака успех и интегритет во изборот на нивната идна професија.