Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски учествуваше и на панел дискусијата што се одржа во рамките на презентацијата и промоцијата на истражувањето „Социо-политичкото учество на младите“ во организација на Фондацијата за демократија Вестминстер и ТИМ институтот.
Премиерот Ковачевски се надоврза на дискусијата што по повод резултатите од истражувањето ја иницираа претседателот на Средношколскиот сојуз Лука Павичевиќ, Рита Бехадини, новинарка и претседателка на Центар за еднакви можности Бубамара и Дениз Селмани програмски менаџер на Ромалитико, и истакна дека Владата со политиките за инклузивност продолжува со отворање на можности за учество на младите во секторите кои имаат највисок импакт во БДП и економскиот раст на државата како што се ИТ индустријата, дигитализацијата и енергетиката, особено во делот на изградба и на ставање во функција на капацитети од обновливи извори на енергија.
Овие приоритети, со најголемо учество на младите, истакна премиерот Ковачевски, ги надоместуваат последиците од дисконтинуитетот на развојот на нашата држава, која од екстензивната економија која доминираше до независноста, направи сериозна транзиција кон економија заснована на модерните технологии во која доминантно место имаат младите.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во делот на дебатата на конференцијата „Социо-политичкото учество на младите“, на која се презентираа резултатите од истражувањето „Социо-политичкото учество на младите“, нагласи дека Владата продолжува со политиките на охрабрување на младите за да учествуваат во процесите за развој на нашата држава бидејќи тие во изминатиот период учествуваа во унапредувањето на државата и тие да останат да ги предводат овие процеси.
Во таа насока, нагласи Ковачевски на иницијатива на Владата започна подготовката за изработка на нов Закон за средното образование кој треба да го замени постојниот, кој постои веќе 20 години и кој не ги има предвид брзиот развој на општествата, особено во делот на учеството на новите дигитални технологии што во најголем дел ги засегаат младите.
Премиерот Ковачевски порача дека целта на Владата е ја да зголемува довербата на младите и тие самите да учествуваат во креирање на извесна и сигурна иднина со реализација на таргетирани политики за зголемување на младинската вработеност и за општество во кое младите ќе препознаат заедница за подобар живот за сите.