Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска ја пречека на работна средба, гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска Бежоска.
Двајцата разговараа за можностите за соработка во сферата на дигитализацијата.
„Иновациите што ги произведуваат новите технолошки модели, што ги олеснуваат и помагаат во подобрувањето на услугите, се едни од нашите приоритети. Затоа и се согласивме дека е важно да ги употребиме сите наши капацитети во реализацијата на нашите цели”, се согласија соговорниците.
Алити и Бежоска ќе ја продлабочат соработката и ќе продолжат со средбите и во иднина за конкретни чекори.