Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на широкиот консултативен процес
Во рамки на широката консултација претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, 3 јули 2022 година, во 15:00 часот, во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство каде премиерот Ковачевски веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.