Денеска се одржа првиот состанок на Управниот одбор на министерскиот систем на министерството за информатичко општество и администрација за спроведување на процесот за реорганизација, согласно ИПА 2017 проектот ,,Поддршка на државната реорганизација“.
Состанокот го отвори министерот Адмирим Алити, истакнувајќи дека основната цел е да се оптимизира целокупната институционална рамка, преку реорганизација на органите на државна управа, агенциите и инспекциските служби од централна власт.
Процесот на реорганизација и оптимизација на државната администрација, агенциите и инспекциските служби на централно ниво има за цел да ја зголеми ефикасноста и ефективноста на државните институции, нудејќи професионална администрација со квалитетни услуги.
Силно се стремиме за професионална администрација во служба на граѓаните, која ги исполнува европските вредности и стандарди за добро владеење.
Според министерот Алити, важно е да се донесе новиот системски Закон за организација на органите на државната управа, за што е потребна поддршка од сите актери во политичкиот процес.
На состанокот беше направена презентација на досегашната успешна работа и беше утврдена динамиката за во наредниот период, со интензивни активности што ќе се спроведат во таа насока.
Договорено е наскоро да се одржи следниот состанок на којшто ќе се донесат заклучоци за препораките и следните чекори за спроведување на пилотирањето на реорганизацијата на министерскиот систем за информатичко општеството и администрација.