Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и директорот на Оперативно-техничка агенција (ОТА) Зоран Ангеловски, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се изразува подготвеност од двете страни да придонесат за повисоко ниво на дигитализација и сајбер безбедност, нудејќи взаемна поддршка и соработка за правни прашања, размена на информации, знаења и искуства.
Алити и Ангеловски изразија надеж дека оваа соработка ќе донесе позитивни резултати и ќе им послужи на институциите во подобрувањето на услугите за граѓаните.