Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари - средства  за станбено обезбедување од 01.01.2023 година. 

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: 
- да се државјани на Република Северна Македонија; 
- да се полнолетни;
- да имаат завршено најмалку средно образование; 
- да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни. 
     
Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: 
- по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил:  javenoglaspfv@morm.gov.mk
- до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk.