Претседателот на Владата на Република Северна Македонија - Димитар Ковачевски по повод светиот еврејски празник - Јом Кипур упати честитка до граѓаните припадници на Еврејската заедница во која истакна:
„На граѓаните од Еврејската заедница им посакувам спокојно и радосно празнувањето на светиот еврејски празник - Јом Кипур.
Значењето на овој голем празник на покајанието и меѓусебното помирување се истакнува посебно и денес, кога е светот пред новиот предизвик за обединување, заедништво и меѓусебната поддршка околу зачувувањето на мирот и просперитетот за сегашните и за идните генерации.
Нашата заедничка држава, Република Северна Македонија е дом на различности и во тој дух градиме едно општество за сите со меѓусебно почитување на нашите културни посебности.
Нека е за многу години празникот!“