Премиерот Ковачевски во посета на Општата градска болница во Гостивар и Центарот за младински активизам во Тетово
Денеска, 15.10.2022 година (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Гостивар и Тетово.
Со почеток во 11:00 часот, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за здравство Беким Сали и генералниот директор на ТАВ Метин Батак ќе ја посетат болницата во Гостивар.
По завршувањето на посетата на болницата, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Ковачевски.
Со почеток пак во 14:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на Центарот за младински активизам во Тетово на ул. „Илинденска“, наспроти „Макпетрол“.