„Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчиња до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово“, изјави министерот за правда Никола Тупанчески пред почетокот на настанот “Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”.
„Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки-забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела“, рече Тупанчески.