ЈАВЕН ОГЛАС бр.12/2022 за именување на директор на Државниот инспекторат за труд

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија објавува
Рок на пријавување: 
15.11.2022

Врз основа на член 3 став 3 од Законот за инспекцијата на труд („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/1997, 29/2002, 36/2011, 164/2013, 44/2014, 33/2015, 147/2015, 21/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.317/2020) и член 27 став 1, став 2, став 3, став 4 и став 5 и член 28 од Законот за Инспекциски надзор („Службен весник на Република северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.12/2022
за именување на директор на Државниот инспекторат за труд

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот инспекторат за труд, со мандат од 4 години.    
2. За директор на Државниот инспекторат за труд може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

     1) има државјанство на Република Северна Македонија; 
     2) во моментот на именување со правосилна судска пресуда не им е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
     3) има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 
     4) има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област; 
     5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик: 
      - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      - ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, 
      - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, 
      - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
      - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или 
      - АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2); 
     6) Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

3. За директор на Државниот инспекторат за труд може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf  ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
     1) Пријава по оглас;
     2) Кратка биографија;
     3) Мотивациско писмо; 
     4) План и програма за идна работа;
     5) Уверение за државјанство;
     6) Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не им е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
     7) Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
     8) Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област; 
     9)  меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик: 
      - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      - ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, 
      - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, 
      - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
      - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или 
      - АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
     10) потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за труд “.  
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022 и 213/2022).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.