Премиерот Груевски во политичко-економска посета на Кина - нова средба со кинескиот премиер

Исклучително значајна политичко-економска петдневна работна посета на македонска делегација во Кина за време на која ќе биде презентирана Република Македонија и можностите за инвестирање пред кинеските бизнисмени во повеќе градови, најави премиерот Никола Груевски денеска по пуштањето во употреба  на локалниот пат Таор-Ржаничино.

Важно е што македонскиот премиер Груевски за само од околу две и пол недели повторно ќе се сретне со премиерот на Република Кина при што уште еднаш ќе се потврдат добрите политички односи меѓу двете земји и ќе се разговара за подобрување на воспоставените економски односи за што највероватно ќе се разговара и за повеќе детали.

- Добро е што од страна на Кина има силна политичка поддршка за инвестирање во Македонија, а тоа го потврди премиерот минатиот пат, а со новата средба за само две и пол недели тоа ќе значи сериозно испраќање сигнал до кинеските компании кои се заинтересирани да отворат свои  капацитети во Европа дека Македонија е дестинација на која можат да најдат добри услови за правење бизнис и оти Македонија е пријателска држава на Кина, појасни премиерот Груевски.

Покрај средбата со кинескиот премиер, Груевски најави и средби со локалните власти во различни региони затоа што, подвлече, е добро и тие да го испратат сигналот до нивните политичари,  комапнии и бизнисмени, а ќе има и директни средби со кинески компании покрај презентациите на кои во детали ќе бидат образложени условите за бизнис во Република Македонија и пристапот на Македонија до европскиот пазар како пазар кој има слободна трговија и оти од Македонија може да се покрие пазар со 650 милионски потрошувачи.

Како што истакна премиерот посетата на Народна Република Кина ќе биде во фокусот на привлекување инвеститори со единствена цел отворање нови работни места.