Владина делегација на бизнис-форум во Шангај ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија
Владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 17.05.2012 година) во Шангај, Народна Република Кина, ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум за промоција на инвестициските можности во Република Македонија, и поволностите кои нашата земја ги нуди за странските инвеститори. Бизнис форумот е организиран во соработка со Стопанската комора на Шангај.
Владината делегација ќе ја посети и ќе оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Хуавеј“, која се занимава со производство и продажба на информатичко-комуникациска технологија.
Шангај има континуиран годишен економски раст, кој за минатата година изнесува 8%. Минатата година Македонија и Шангај ја зголемија економската соработка за 40%.