Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес оствари средба со новиот амбасадор на Јапонија во нашата земја, г. Казуја Отсука.
Груби и Отсука разговараа за актуелните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за понатамошно продлабочување на соработката, политичката ситуација во земјата, важноста на регионалната стабилност и патот на Северна Македонија кон европската интеграција.
Груби ѝ се заблагодари на јапонската држава за досегашната активна поддршка во реализацијата на многу важни проекти преку донации и ја изрази важноста на оваа поддршка за прогресивниот развој на земјата.
Тој го информираше јапонскиот амбасадор и за актуелната политичка ситуација во земјата, напредокот што земјата го постигна на европското патување со отворањето на преговорите за интеграција во Европската Унија, посветеноста во спроведување на реформскиот процес, усвојувањето на уставните измени, ветингот и борбата против криминалот и корупцијата.
Јапонскиот амбасадор, Отсука ја изрази конзистентната поддршка на неговата земја за одржливиот развој на Северна Македонија, напорите за прогресивно реформирање и интеграцијата во Европската Унија.