Потпишување на Договор за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d
На 02.02.2023 година (четврток) во 09:00 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини, ќе го потпишат Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d. На потпишувањето ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите потписници.
Во продолжение, линкови за настанот:
Линк до видео на македонски јазик
Линк до видео на албански јазик
Линк до видео на англиски јазик