Армијата помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш

Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.

Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините.