Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку кое што право добива 7200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1000 денари и плус парична поддршка од 3000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци .
Додека пак, второто лице како корисник на правото на надоместок заради попреченост добива 8600 денари, и надоместок за помош и нега од друго лице од 5400 денари, користи исто така парична поддршка од 3000 денари месечно, тоа се вкупно обезбедени 17.000 денари месечно. Ова лице е корисник и на услугата лична асистенција
„Разговаравме за нивните предизвици, потреби и за тоа колку им значи поддршката од Владата особено во време на криза. Добив уверување дека мерките се од голема помош и навистина значајни во секое семејство особено во кризни времиња. Како Влада и ресорно министерство ги мапиравме во моментот најранливите категории на граѓани и донесовме антикризни мерки, со цел полесно справување со кризата од која ниту една држава во светот не беше поштедена,“ истакна Тренчевска.
Финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, веќе се исплаќа три месеци, а во месец март ќе биде реализирана и четвртата исплата.
Согласно овој Закон право на финансиска поддршка добиваат:
- над 36 .000 корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток,на правото на надоместок заради попреченост,со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, на месечно ниво четири месеци.
- над 130.000 корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и корисници на право на надоместок за телесно оштетување и
- над 5000 и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Покрај овие мерки претходно, исплативме по 3000 денари парична поддршка за сите 330.000 пензионери и околу 36.000 корисници на правото на Гарантирана минимална помош.
„Наша обврска е да се грижиме за граѓаните. За тоа потврдува и растот на минималната плата, пензиите и надоместокот за попреченост. Ова го направивме со носење на системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Оваа Влада се грижи за своите граѓани. И како што ветивме дека никој нема да биде изоставен и заборавен, така и понатаму продолжуваме. Креираме политики и мерки од кои директна придобивка имаат сите граѓани,“потенцираше Тренчевска.